Објавен избор од осум творби на руската писателка Марина Цветаева
Книгоиздателството „ВиГ Зеница“ од Скопје ја објави книгата „Проза – есеи“ - избор од осум творби на руската писателка Марина Цветаева, која е меѓу најголемите имиња на современата руска и светска поезија и литература. Изборот го направи писателот и издавач Глигор Стојковски, а преводот од руски јазик е на Анета Сусинова.
- На над 400 страници во книгата се објавени прозните дела на Цветаева, попозната како авторка на врвни поетски творби. На истиот начин таа се потврдува и низ своите прозни и есеистички текстови напишани во текот на 1930-тите години, сега публикувани во новата објава на Цветаева на македонски јазик: „Дом покрај стариот Пимен“, „Ѓаволот“, „Мојата мајка и музиката“, „Повест за Соњечка“, „Неовдешна вечер“, книжевните белешки „Заробениот дух (Мојата средба со Андреј Бели)“, како и вонвременските есеи „Епот и лириката на современа Русија“ и „Поетот и времето“, наведува издавачот.
Покрај овие есеистички размисли и книжебни белешки, книгата ја исполнуваат и богатите, имагинативни прози со слободоумни, ерудитски и драматични чувствувања на блиските, на светот, на времето и на литературата.
- Тука стојат забележани творби исполнети со копнежи и носталгични чувствувања, напишани во егзил во западноевропските земји, пред судбоносното враќање на Марина Цветаева во Советскиот Сојуз во 1939 година, и следот на личните трагедии што ќе завршат со нејзината смрт во 1941 година. наведува издавачот на изборот од осум творби од Марина Цветаева.
Ново на Сител
-
Свечена седница во Влада по повод Денот на албанската азбука
-
Меџити: Уставен суд се претвори во змеј, сите фрлаат со стрели и оган кон оваа институција
-
Борба против корупција
-
Левица поднесе интерпелација за претседателката на Комисијата за труд и социјална политика Илире Даути
-
Зајкова поднесе закон за укинување и намалување на дел од банкарските провизии
-
Да се формира посебно тело во облик на туристичка или комунална полиција
-
Со 2 милиони евра од унгарскиот кредит, Штип ќе гради обиколница
-
Криумчарењето во благ пораст, илегалните мигранти намалени за 50% во однос на лани