Македонија
22. November 2024 - 12:22

Борба против корупција

Амбасадата на Соединетите Американски Држави на иста маса ги седна обвинителството, Aнтикорупциската комисија и Државниот завод за ревизија со цел подобрување на борбата против корупцијата. Трите институции се согласија дека меѓусебната комуникација е неопходна за справување со корупцијата и незаконското трошење народни пари.