Објавен бестселерот „Бела како снег“ од Сала Симука
Во издание на „Бата прес“ излезе од печат преводот на книгата „Бела како снег“ од младата финска авторка Сала Симука. Станува збор за светски бестселер, кој сведочи дека добрата книга не познава граници, мали и големи јазици или држави.
Во овој психолошки крими трилер, седумнаесетгодишната Лумики Андерсон се најде на улиците во Прага, во потрага по долго посакуваниот мир далеку од љубопитните очи, семејните тајни и од суровиот господар на криминалното подземје во нордиските земји. Меѓутоа, брзо по доаѓањето, ја запознава младата и преплашена девојка Ленка, која тврди дека е нејзина одамна изгубена сестра. Лумики ќе се вплетка во неверојатна и несфатлива игра на медиумските манипулации и на верскиот култ Бела фамилија, кој е поопасен отколку што некогаш можеше да замисли, но на крајот успева да спречи масовно самоубиство, но и самата повторно ќе се најде во смртна опасност.
Сала Симука (1981) е финска авторка на романи за млади. Студирала нордиска филологија и книжевност, креативно пишување и родови студии на Универзитетот во Турк. Автор е на трилогијата романи Снежана („Црвена како крв“, „Бела како снег“ и „Црна како абонос“). Делата и авторката станаа книжевен феномен веднаш по нивното објавување, а наскоро се очекува и премиера на овие светски бестселери на филмското платно во Холивуд. Авторските права за романите досега се продадени во 52 земји во светот. Романот „Црвена како крв“, беше едно од најпродаваните преведени дела на минатогодишниот саем на книгата во Скопје, а издавачот „Бата прес“ ги обезбеди и авторските права за објавување на книгата „Црна како абонос“.
Ново на Сител
-
Гвардиола: Никогаш не сум имал поголема верба во моите играчи
-
Поранешниот хрватски министер за здравство пуштен од истражен затвор да се брани од слобода
-
Шефовите на дипломатиите на арапските земји бараат итен прекин на огнот во Газа и Либан
-
Кривична за вработена во градинка, и се заканувала на нејзина колешка
-
Семеен масакр во Турција: Ги убил сопругата, детето и родителите, па се самоубил
-
Лекар од Гевгелија нападнат од возач во Итната медицинска помош
-
Приведено лице од Кочани, ВИН бројот во неговата сообраќајна дозвола и на возилото не се совпаѓале
-
Вучиќ: На грубоста, невоспитанието и ароганцијата ќе одговориме со уште повеќе работа