Обилниот дожд поплави дел од улиците во Делчево
Обилниот дожд кој од утрово го зафати Пијанечкиот регион поплави дел од улицата Булевар Македонија во Делчево. Надојдената вода како што велат жители го прекри коловозот, а дел е навлезена и во пониските делови од нивните имоти.
-Секогаш е овде вака по поројни дождови, автомобил не може да помине по улицата, а за водата во подрумите да не зборуваме. Чекаме да престане дождот за да можеме да почнеме да чистиме, вели жителка чија куќа се наоѓа на споменатата улица.
Надлежните велат дека ова е децениски проблем, поради што пред повеќе од еден месец започна проект за собирање на атмосферската вода од населбата Милково Брдо, која е најголемата причина за поплавите во централното градско подрачје.
-Конкретно, во населбата Милково Брдо се реализира проектот „Одделување на фекалната од атмосферската канализација во населбата Милково Брдо-2“, со што во Делчево се решава долгогодишниот проблем со атмосферската вода која при обилни дождови предизвикува поплавување на повеќе објекти и имоти на граѓаните во овој дел од населбата. Станува збор за изградба на атмосферска канализација во должина од околу 1,900 метри во населбата и опфаќа изградба на повеќе краци, велат надлежните.
Според предвиденото, проектираната атмосферска канализација треба да прифати дел од атмосферската вода од населбата Милково Брдо која ќе се одведе до веќе изведениот колектор на улица „Светозар Марковиќ“ со испуст во река Брегалница. Финансиската рамка на проектот е 12,9 милиони денари, а средствата како што додадоа од општината, се обезбедени преку Договор за грант склучен меѓу Министерството за транспорт и врски со Општина Делчево како краен корисник, а согласно со Договорот за финансирање на Република Македонија и Европска инвестициска банка.
Ново на Сител
-
Превртена приколка од камион го блокира патот Истибања – Македонска Каменица, сообраќајот во прекин
-
Во среда авионска дезинсекција против комарци во Скопје
-
Град Скопје: Власта го политизира наместо да го осуди случајот со физичкиот напад врз градоначалничката Арсовска
-
Формиран Кризен штаб за заштита од пожари во Македонска Каменица
-
Украинските ученици наскоро ќе учат да летаат со ФПВ дронови како дел од ажурираната наставна програма „Одбрана на Украина“
-
Исчезна руски воен хеликоптер со пет лица
-
Кривична за кавадарчанец за шест дела „тешка кражба“ и две за „тешка кражба во обид“
-
Сузбиена организирана криминална група инволвирана во криумчарење на мигранти, приведени шест лица