Обилни врнежи денеска и утре, се очекува зголемување на нивото на реките

Во Македонија утрово е облачно со врнежи од дожд и дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Во текот на денот врнежите од дожд на повеќе места ќе бидат обилни, особено во јужните и централните делови. Локално ќе има услови и за пороен дожд и грмежи. Максималната температура денеска ќе движи од 10 до 15 степени.
УХРМ информира дека најмногу дожд има наврнато во Маврово - 28 литри на метар квадратен, а најмалку во Крива Паланка и Виница само еден литар на метар квадратен. Во Гевгелија наврнале 26 литри на метар квадратен, во Лазарополе 24, Пожаране 22, Демир Капија 19, Крушево 16, Дојран и Претор 12, Дебар 10, Охрид 9, Битола 7, Тополчани и Тетово 6, Струмица и Зајчев Рид во Скопје 4, Петровец Скопје 3 и Штип и Прилеп 2 литри на метар квадратен.
Влажниот бран што ја зафати Македонија се очекува да предизвика зголемување на водостоите на реките, кои сеуште се под просекот за ноември.
Зголемување на водостојот се очекува на сите водотеци низ земјава, особено кај помалите каде се можни локални излевања. Од УХРМ предупредуваат на внимателно движење покрај водотеците, особено покрај помалите, и будно следење на состојбата во следните денови.
Ново на Сител
-

Очевидци: Повеќе лица се повредени во експлозијата на аеродромот во Ријад
-

Кристијано Роналдо заработи суспензија од Португалската федерација
-

Силна експлозија на аеродромот во Ријад, авиокомпаниите откажуваат летови
-

Повеќе објекти осветлени во зелена боја како симбол на солидарност и нов живот
-

Мицкоски: Анкетите се лоша вест за опозицијата, клевети, навреди и измислици не поминуваат
-

Уапсен 31-годишник, кршел низ домот на својот чичко, па ја истепал сестра му
-

Ѓорѓиевски: Градските цвеќарници повторно ги ставаме во функција
-

Царинска управа: На Богородица спречен шверц на заштитени видови змии
