Обид за убиство во Кочани: Продажба на телефон заврши крваво
Основното јавно обвинителство Кочани донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 24-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Убиство според член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.
На 13 септември, во вечерните часови, осомничениот се договорил со оштетениот да се најдат на паркинг простор кај Споменикот на слободата во Кочани заради купопродажба на мобилен телефон.
Кога се сретнале на наведеното место, осомничениот влегол во возилото на оштетениот, седнал на совозачкото место и започнал да разговара со него и да го разгледува мобилниот телефон.
По кратко време, од џебот извадил нож и му задал удар во витален дел од телото во пределот на главата и вратот под брадата, нанесувајќи му отворена рана од околу 2-3 см. Ножот се скршил, а осомничениот продолжил со дршката уште неколку пати да го удира оштетениот. Нападнатиот му ја фатил раката и го спречил, по што осомничениот се извлекол од возилото и со трчање побегнал од местото на настанот.
Поради опасност од бегство, можност да влијае врз сведоците и да ја попречува кривичната постапка, но и реална закана да го повтори или да го доврши обиденото кривично дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кочани поднесе предлог за определување мерка притвор. Судот ја прифати основаноста на предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.
Ново на Сител
-
Трамп: Денешниот разговор меѓу Путин и Виткоф постигна голем напредок
-
Јаневска: Учениците и родителите да бидат спокојни, учебници ќе има
-
Новата фудалска сезона во Македонија ќе стартува со ВАР системот
-
Сиљановска-Давкова прими претставници на граѓанската иницијатива „Збогум Буково“
-
Кремљ: Тричасовната средба меѓу Виткоф и Путин беше „корисна и конструктивна“
-
Возило изгоре на паркинг во Велес
-
Контрола на УЈП за фискализацијата, неправилности кај 30 отсто од субјектите, четири затворени
-
Утре сончево со умерена облачност и пораст на дневните температури