Обид за убиство во Аеродром: Избоден скопјанец, еден од сторителите во бегство
Единицата за насилен криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против Н.С.(27) и М.С. (20) од Скопје поради основи на сомнение за сторено кривично дело „обид за убиство“ по член 123 во врска со член 19 од Кривичниот законик.
Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека по добиена пријава на 15. месецов дека на територија на општина Аеродром во Скопје од страна на две лица му се нанесени убодни рани на Н.Г. од Скопје, преземени се мерки и активности и утврдено е дека Н.С. и М.С. го сториле кривичното дело, по што во координација со ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава.
-Од страна на судија на претходна постапка на М.С. му е одредена мерка куќен притвор од 30 дена, а за Н.С. се преземаат мерки за пронаоѓање, информира МВР.
Ново на Сител
-
Меѓународен ден на студентите
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, Министер за финансии
-
Цигарите и загадениот воздух рак рана за лицата со ХОББ
-
15-годишник со нож прободел двајца малолетници во два одвоени инциденти
-
Преглед на вестите од светот
-
Заедничка седница на македонската и косовската влада во Приштина
-
Пратеници на ДУИ добиле смртни закани, пријава до МВР нема
-
Вишиот обвинител Хајрулахи останува суспендиран од работното место