Обид за убиство Струга, едното лице го бодело оштетениот со нож во стомак и врат, другото лице довикувало да го „доврши“
Основното јавно обвинителство Струга донело наредба за спроведување истражна постапка против две лица, од кои едното е осомничено за кривични дела – обид за убиство и за насилство, а вториот осомничен му помогнал да го изврши обидот за убиство.
Државното Јавно обвинителство информира дека на 2 август, поради претходно нарушени меѓусебни односи, првиот осомничен се обидел да лиши од живот едно лице. Вториот осомничен најпрво со својот автомобил „бмв Х6“ го попречил патот на „фолксваген голф 7“ во кој се превезувал оштетениот и уште едно лице.
-Двајцата осомничени излегле и се упатиле кон оштетените и ги нападнале физички, најпрво удирајќи ги со боксови. Во еден момент првиот осомничен извадил нож и му нанел повеќе убодни рани на оштетениот во стомакот, надлактицата и вратот, со што му предизвикал тешки телесни повреди. За тоа време вториот осомничен извикувал и го поттикнувал да го доврши делото. Сведокот-оштетен се обидел да ги оттргне и да ги спречи, па првиот осомничен и врз него извршил насилство, расекувајќи го со ножот на раката и предизвикувајќи чувство на загрозеност и страв во јавноста, соопшти ЈОРСМ.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Струга доставил предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.
МИА
Ново на Сител
-
Тема на денот со проф.Борче Давитковски
-
Жителите на с. Љубојно со денови протестираат против сечата на дабова шума
-
Трамп подготвува средба помеѓу Зеленски и Путин
-
Државата го доби Казандол на арбитража и заштеди 115 милиони евра
-
Притвореници не се спроведуваат на судења поради недостиг на затворски полицајци
-
Лице кое било под лупа на ДКСК кривично ја гони екс претседателката
-
Меџити и Ѓорѓиевски не очекуваат хаос со изборните листи – Зелен Хуман град собира потписи за нова партија
-
ДИК не донесе упатство