-->
-->
Обид за атентат со дрон во Венецуела - во близина на претседателот Мадуро експлодира леталото за време на говорот на воената парада
-->
Претседателот на Венецуела Николас Мадуро преживеа напад со дронови за време на свој говор. Инцидентот се случи за време на негово обраќање на воен собир во Каракас, кога експлодирале два дрона што носеле експлозив. Притоа, повредени се седум војници.Мадуро изјави дека го преживеал нападот „благодарение на Бога, народот и армијата“ и ја обвини Колумбија и американската држава Флорида каде живеат голем број жители од Венецуела во егзил за „десничарскиот заговор да го убијат“.
Во телевизоско обраќање неколку часа по нападот тој нагласи дека тоа било обид за атентат и оти се укажува на заговор на десничари од соседна Колумбија, што според него е резултат од прелиминарната истрага.
Тој изјави дека неколку организатори се уапсени, но не откри детали. Одговорност за нападот презеде малку позанатата група Национално движење на војници.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со проф. Митко Панов, член на Комисијата за историски прашања со Бугарија
-

Запалена машина за железо причина за големиот пожар што ги вознемири скопјани
-

Судење за „Пулс“
-

Пожар во отпад во Шуто Оризари
-

Судење за „Пулс“
-

123 години од смртта на македонскиот револуционер и великан Гоце Делчев
-

Мицкоски: Атмосферата со Бугарија ќе се вжештува - Филипче: Бугарите не ни се непријатели
-

Трибина: Темел на државноста - визија за иднината
