Обезбедени се пари за платите на пожарникарите

Обезбедени се финансиски средства за плати на сите пожарникари согласно закон, како овластени службени лица од областа на безбедноста, а има и зголемување на средствата за плати на пожарникарите за 70 милиони денари за 2020 година, соопшти премиерот Зоран Заев на денешната средба со претставници на Независниот синдикат на пожарникари на РМ.
Независниот синдикат беше предводен од претседателот Тони Бошковски, а на средбата присуствуваа и претседателот на ССМ, Дарко Димовски, како и посебната советничка на премиерот за правда, Тања Чачарова Илиевска.
Како што соопшти владината прес-служба, на средбата е констатирана потребата од донесување подзаконски акти и правилници за исплата на платите на пожарникарите, заради унифицираност на исплатата согласно законските прописи.
За таа цел, премиерот Заев најави работни средби со ресорната министреката за одбрана, Радмила Шекеринска и ЗЕЛС.
Денешната средба е оценета како добар основ за утврдувањето трајно решение за прашањето.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Никола Додевски, адвокат
-

Институциите не кажуваат каде е судијата Ристов, кај кого најдоа 350.000 евра сокриени во ѕид
-

МВР ќе врши калибрација и тестирање на камерите на Сејф сити од утре до крајот на месецот
-

Филипче не гледа напредок кон ЕУ – Владата не ја разбира политиката на опозицијата
-

Мартин Гоџо го фати крстот во Охрид
-

Дарко Митровиќ го фати крстот во Скопје, двајца завршија во болница поради премрзнување
-

Масовно одбележување на Водици низ Македонија
-

Во осветените води на Плетварското Езеро кај Прилеп по 6-ти пат се одбележа празникот Богојавление или Водици
