Обезбедени 23 единици конвалесцентна плазма за третман на 23 пациенти со Ковид-19
Министерството за здравство ја информира јавноста дека во изминатиот период се реализирани 16 дарувања на конвалесцентна плазма, од кои седум дарувања со постапка плазмафереза на клеточен сепратор и 9 преку стандартно дарување на целокупна крв. Со ова, обезбедени се 23 единици конвалесцентна плазма за третман на 23 пациенти со ковид-19.
Коронавирусот е сигнификантна нова закана за јавното здравје поради брзото ширење, каде се огромни напори да се спречи. Неодамна во Институтот за трансфузиона медицина се изготви протокол за дарување на конвалесецентна плазма. Дарител на конвалесцентна плазма може да биде секое лице кое е излечено од овој вирус и кој ги исполнува условите за дарување наведени во протоколот.
Конвалесцентната плазма содржи антитела против коронавирусот создадени од човечкиот организам за сузбивање на болеста. Тие создадени антитела се присутни во плазмата и истите со дарување на конвалесцентна плазма може да се користат во сузбивање на болеста во друго лице со ковид-19.
Голема благодарност до сите оние излекувани пациенти кои даруваа конвалесцентна плазма и упатуваме апел до сите кои поминале низ овој вирус да даруваат плазма за побрзо да го спречиме ширењето на овој непредвидлив вирус.
Ново на Сител
-
ЕСМ набави струја за 2 недели - ќе плати 10,2 милиони евра
-
Утре почнува амандманската расправа за буџетот
-
Новиот ескпресен пат Крива Паланка - Страцин ќе биде готов до Нова година
-
Наместо да подготвуваат испити, во Пелагонија студентите подготвуваат тенџериња со топла вода
-
Поради недостиг на нафта немаше автобуси викендов, но и денеска на постојките се чека по еден час
-
Станковиќ: Новиот буџет ќе го развие земјоделството
-
Меѓународен ден на студентите
-
Се намалува старосната граница на дијабетичари