Обезбедени 151 глас, пратеникот од Река, Данелис, ќе гласа за доверба на Владата
Пратеникот од Река, Спирос Данелис ќе гласа за доверба на грчката Влада, наспроти партиската линија, а со синоќешната негова одлука се чини веројатно дека веќе се собрани неопходните151 глас, јави дописничката на МИА од Атина.
Спирос Данелис од Река, вчера имаше средба со лидерот на партијата, Ставрос Теодоракис, кој според грчките медиуми, му дал ултиматум на пратеникот да му ја соопшти одлуката.
Река нема да гласа за доверба на Владата, додека пак за ратификацијата на Договорот од Преспа, секој пратеник ќе гласа според своето лично убедување.
Не е исклучена можноста, според медиумите во Грција, Данелис да биде исклучен од пратеничката група на Река.
Учеството на Данелис на конференцијата посветена на Договорот од Преспа во неделата вечерта, на која што се обрати и грчкиот премиер, многумина ја коментираа како чекор кон поддршка за Владата.
Освен Данелис, позитивно за доверба на Владата ќе гласаат и четворица пратеници од Независни Грци, министерката за туризам Елена Кундура, заменикот министер за земјоделство, Василис Кокалис и пратениците Танасис Папахристопулос и Костас Зурарис, како и независната пратеничка и алтернативна министерка за цивилна заштита, Катерина Папакоста. Овие шест пратеници, заедно со 145те на СИРИЗА се доволни за Владата на Ципрас, на гласањето утревечер да добие доверба од Парламентот.
Ново на Сител
-
Мицкоски на „Македонија 2025“: Се соочивме со големи предизвици, но македонската економија има потенцијал
-
Со симулација на сообраќајна несреќа во Прилеп се одбележа 12 мај, Ден на медицинските сестри
-
Младите волонтери во хумана акција
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски
-
Таравари дефинитивно излегува од Влада, Мицкоски му посака среќа и добро здравје
-
Ахмети се антиквизира
-
Македонија со поддршка за формирање на суд за воени злосторства во Украина