Обележување на велосипедските патеки од Рутата 2
Екипите на Град Скопје и на ЈП „Улици и патишта“ годинава работеа на велосипедските патеки од Рутата 2 од проектот „Скопје велоград 2017“. По завршувањето на асфалтирањето деновиве започна акција за обележување на велосипедските патеки и поставување на хоризонтална и вертикална сигнализација.
Како што информираат од Град Скопје, екипите на ЈП „Улици и патишта“ ги обележуваа патеките долж булеварот „Партизански одреди“ од Карпош кон Влае, како и на потегот пред Градежниот факултет. Во наредните денови ќе се бележат велосипедските патеки на булеварот „ВМРО“, како и на булеварот „Јане Сандански“ во општина Аеродром.
Рутата 2 од проектот „Скопје велоград 2017“ е со вкупна должина од 11 километри и ќе ги поврзе општина Аеродром и општина Ѓорче Петров, преку општините Центар и Карпош. Гии опфаќа булеварите „Февруарски поход“, „Видое Смилевски Бато“, „Јане Сандански“ и „Кузман Јосифовски Питу“, Кеј 13 Ноември, плоштадот „Македонија“, булеварот „ВМРО“ и булеварот „Партизански одреди“ до Порта Влае.
Ново на Сител
-
Извртен камион го затвори автопатот од Демир Капија до Смоквица
-
Студентски протести во Белград, Ниш и Нови Сад
-
ВМРО-ДПМНЕ: Лешинарска политика на Филипче
-
СДСМ: Неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ закана за граѓаните
-
Се истражуваат причините за пожарот во куќата во Крива Паланка во кој починаа сопружници
-
Македонија со најмногу смртни случаи во Европа како последица на загадувањето, велат од Еуроњуз
-
Екипи и механизација на ЈП Македонијапат го расчистуваат снегот и ги одржуваат проодни патиштата
-
Двајца сопружници починаа во пожар во Крива Паланка