Обама заминува од Белата куќа со поддршка од 58 проценти
Претседателот на САД, Барак Обама в петок ќе замине од Белата куќа со рејтинг од 58 проценти, покажуваат резултатите од анкетата на институтот „Галуп“.
Обама има четири проценти помалку од претседателот Џорџ Буш постариот кога ја напушташе функцијата во 1993 година, додека Бил Клинтон во 2001 година замина со рејтинг од 57 проценти, а Џорџ Буш помладиот во 2009 година имаше рејтинг од само 40 отсто.
Обама на почетокот од првиот мандат имаше рејтинг од 69 отсто, потоа следеше пад, па зголемување до 62 отсто по претседателските избори во ноември, за да се намали до 58.
Првата дама Мишел Обама е попопуларна од својот сопруг со рејтинг од 68 проценти, колку што беше и во јануари 2009 година, кога влезе во Белата куќа.
Вицепретседателот Џо Бајден има рејтинг од 61 отсто.
Ново на Сител
-
Во Македонија над 140 луѓе годишно гинат во сообраќајки: Кога ќе профункционира Сејф сити?
-
Протестите со поддршка и од премиерот
-
Протест за смртта на Фросина и во Неготино
-
Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО - ДПМНЕ
-
Нови несогласувања помеѓу лекари и директорката на клиниката за деца „Козле“
-
Протест за смртта на Фросина
-
Има ли одговорност кај обвинителството и судството?
-
Бојкот на маркетите поради високите цени