Обама разочаран од неуспехот да наметне построга контрола на огненото оружје
Американскиот претседател Барак Обама изјави во интервју за Би-Би-Си дека е разочаран поради неуспехот да наметне поголема контрола на огненото оружје во САД, пренесува ТАСС.
Обама го оцени како едно од најголемите разочарувања фактот дека досега во САД не е воспоставена построга контрола врз поседувањето и употребата на огнено оружје.
- Ако ме прашувате од што чувствувам најголемо разочарување, тогаш тоа е фактот дека САД се единствената развиена држава во светот, во која нема доволно здрав разум во областа на законите за безбедно поседување оружје, дури и во услови на се повеќе масовни убиства, истакна американскиот претседател.
Според Обама бројот на Американци, убиени по 11 септември 2001 година како резултат на терористички акции е помалку од 100 лица, додека бројот на загинати од огнено оружје изнесува десетици илјади.
Ново на Сител
-
За девет месеци на ГП „Џепиште“ кај Дебар минале 36 938 патници или девет отсто повеќе споредено со лани
-
Руте: И покрај обидите на Русија да предизвика поделби, ЕУ и НАТО работат заедно
-
Лос Анџелес прогласи вонредна состојба за помош на мигрантите по рациите на американската Служба за имиграција и царина
-
Српскиот претседател ја пречека Фон дер Лајен пред Палатата Србија
-
Барселона четврти шпански ракометен клуб што гостува во Битола
-
Герасимовски: Од 2.500 на 5.000 денари ја зголемуваме еднократната парична помош за пензионери
-
Роналдо: Се приближуваме до нашата цел
-
Новости: Вучиќ понудил Србија да го откупи рускиот дел во НИС, Москва претпочита продажба на трета страна