Обама од ЕУ лидерите во Берлин побарал да соработуваат со Трамп

Американскиот претседател во заминување Барак Обама од своите најмоќни европски партнери побара да соработуваат со администрацијата на новиот претседател Доналд Трамп и да разговараат во врска со изнаоѓање решенија за конфликтите во Сирија и Источна Украина.
Како што јавува дописникот на МИА од Берлин, каде што се сретнаа лидерите на Германија, САД, Велика Британија, Франција, Италија и Шпанија, Обама им се заблагодарил на Ангела Меркел, Тереза Меј, Франсоа Оланд, Матео Ренци и Маријано Рахој за соработката во последните осум години, по што без изјави за новинарите замина за Перу.
Според Белата Куќа централни теми на разговорите со европските партнери биле процесите на глобализација и транс - атланска соработка, изборот на Трамп за претседател на САД и влијанието на новата администрација на мировните процеси во Сирија и Украина.
Се разговарало и за засилување на НАТО , за трговските договори меѓу САД и ЕУ, за климатските промени и за други актуелни теми како хуманитарната катастрофа во Алепо и улогата на Русија во мировните напори за запирање на насилствата во конфликтните подрачја во Сирија.
Ново на Сител
-

Македонија и Хрватска станаа стратешки партнери
-

Пленковиќ и Мицкоски за евроинтеграциите
-

Собранието даде зелено светло за новиот заем од 260 милиони евра
-

Бензините од полноќ поскапуваат за половина денар, дизелот по иста цена
-

Нови напади САД - Иран среде преговори
-

Највисоки казни за инвеститорот по свлечиштето кај Теодосиј Гологанов
-

Високи температури и најава од УХМР за силно невреме во четврток попладне
-

Претседателката ги додели наградите Women in Tech
