Обама: Ќе добиев и трет мандат

Американскиот претседател во заминување Барак Обама тврди дека би го добил и третиот мандат за Белата куќа и смета дека нацијата и натаму во голема мерка ја прифаќа неговата политичка визија.
Според американскиот Устав, претседателот на оваа функција може да биде само во два четиригодишни мандати.
Обама, кој за околу три недели ќе го заврши својот втор мандат, ова го изјави во една емисија во продукција на Си-Ен-Ен и Универзитетот во Чикаго.
Тој вели дека верува дека американската јавност и натаму ја поддржува неговата напредна визија, иако Американците во ноември годинава гласааа за Доналд Трамп, човекот кој застапува целосно спротивни политички ставови.
Обама, исто така, е горд за напредокот што е постигнат за време на неговите два мандата, благодарејќи на „американскиот дух“, посебно забележлив меѓу помладите генерации.
Ново на Сител
-

Катерина Ацевска светска вицешампионка во џиу – џицу
-

ЦУК: До 18 часот 11 пожари на отворен простор, од кои три се активни - изгаснат пожарот кај село Чифлик
-

Почина таткото на Меси
-

Товарен и патнички воз се судрија во Хрватска, 19 повредени
-

Мицкоски: Карпалак е наша заедничка рана, но и наша обврска да паметиме
-

Охриѓанец на викенд отсуство од затвор ја нападнал својата мајка
-

Гостиварец со „јагуар“ прегазил осумгодишно девојче
-

Малолетник тешко повреден во сообраќајка помеѓу два мопеди
