Обама и Путин се договорија да продолжат преговорите за прекин на огнот во Сирија
Претседателите на САД и на Русија, Барак Обама и Владимир Путин, на маргините на дводневниот самит на Г-20 во кинескиот град Ханџу, се договорија да ги продолжат преговорите за договор за прекин на огнот во Сирија, изјави денеска неименуван висок претставник од администрацијата на американскиот претседател.
Според него, планот треба да овозможи американско-руско воено партнерство во борбата против екстремистичките групи во Сирија. Двајцата претседатели им дале инструкции на своите тимови набрзо да се сретнат, можно е кон крајот на неделата.
- Обама и Путин ги разјаснија преостанатите празнини во преговорите, кои во голема мера се однесуваат на начин на кој договорот ќе биде применет, посочи неименуваниот американски извор, додавајќи дека состанокот меѓу Обама и Путин траел 90 минути.
Претходно, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека средбата меѓу Путин и Обама траела подолго од предвиденото, како и оти состанокот добро поминал и дека „работата ќе продолжи“.
Пред состанокот на двајцата претседатели имаше средба на државниот секретар на САД Џон Кери и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, што заврши без договор.
Неименуван висок претставник на Стејт департментот по средбата на Кери со Лавров посочи дека „остануваат разликите“.
Белата куќа соопшти дека Обама пред средбата со Путин, на маргините на самитот Г-20 се сретна со францускиот претседател Франсоа Оланд и германската канцеларка Ангела Меркел, со кои разговараше за ситуацијата во Украина.
Ново на Сител
-
Две лица во Струга предизвикале пожар на градската депонија
-
Починат 55-годишен скопјанец однесен во ГОБ „8 Септември“, телото на обдукција
-
Обид за убиство во струшко - приведени две лица
-
Вулкан на Камчатка еруптира за прв пат по 600 години
-
Германски градови планираат да примат деца од Газа и Израел
-
Јубилеј на младите: Повеќе од еден милион луѓе на миса во Рим
-
Албанија: Од 2021 година странците купиле имот во вредност од 1,3 милијарди евра
-
Австралија доживеа најголеми снежни врнежи во последните децении