Нуредини: Се работи на проект за намалување на ДДВ за електрични автомобили
Вечерва во Тема на денот на Сител министерот за животна средина Насер Нуредини на прашање дали тие како институција ќе бидат пример за граѓаните и ќе ги почитуваат новите мерки и дали ќе ги тргнат лошите навики од кои една е и дека скоро сите службени возила се на дизел, одговори дека тие мора да постават пример и ќе бараат новите возила за институциите да бидат електрични.
- Ние како влада донесовме одлука да не се користи пластика во министерствата. Веќе една година користиме само стакло и водата мора да биде во стакло, јас барав нашите автомобили да не бидат дизел, но има процеси на јавни набавки за кои се одлучуваше лани. Ние бараме новите возила кои ќе се купуваат за институциите да бидат еколошки, плаг ин, хибридни или електрични. Затоа што треба да поставиме пример. Министерството за финансии работи на проект за намалување на ДДВ за електрични автомобили, за да стимулираме и да ги поддржиме граѓаните да купуваат еколошки возила а не дизел или бензин, рече Нуредини.
Ново на Сител
-
ЕУ ќе стационира пожарникари од 12 земји на жариштата на шумските пожари
-
Очевидци: Израелските трупи навлегле подлабоко во Рафа
-
Париз очекува да заработи над 11 милијарди евра од ОИ
-
Истражување: Половина од раселените Украинци изразиле подготвеност да се вратат во земјата
-
ЈОРСМ: Извршен увид и обезбедени траги за вештачење од местото на убиството во Стајковци
-
НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата
-
17-годишно момче исчезна од установа за згрижување деца во Карпош
-
OpenAI ja претстави најновата верзија на својот чатбот – ChatGPT-4o