Балкан
2. April 2018 - 12:13

Нуклеарната електрана „Кршко“ ја прекина работата на месец дена поради ремонт

Редовен ремонт на нуклеарната електрана „Кршко“ започна синоќа со исклучување на електраната од електроенергетска мрежа, а се предвидува комплексниот ремонт да трае малку помалку од еден месец. Нуклеарката би требало да биде вклучена во мрежа на крајот на април.   

- Предвидено е комплексниот ремонт да трае нешто помалку од еден месец или до крајот на април, изјави директорот на нуклеарната централа Стане Рожман.

Тој изјави дека работите ќе чинат 100 милиони евра, а „Кршко“ ќе ги покрие од сопствени средства.

Во тој период ќе се модернизира и ќе се вложи доста во безбедноста.

Замената на нуклеарното гориво ќе чини околу 46 милиони, трошоците на сите услуги се проценети на околу 32 милиони, а опремата околу 22 милиони евра. 

Во ремонтот на нуклеарката, чии ко-сопственици се словенечката Ген енергија и Хрватското електростопанство , ќе работат 600 вработени во НЕК и околу 1.200 надворешни соработници.