„Новости“: Србија отвора седум амбасади и конзулати

Дипломатско-конзуларната мрежа на Србија треба оваа година да биде проширена со уште седум нови претставништва на Карибите, во Јужна Америка и на Далечниот и Блискиот Исток, пишува „Вечерње новости“.
Србија ќе отвори нови канцеларии во Тринидад и Тобаго, Суринам, Венецуела, Виетнам, Папуа Нова Гвинеја, Ерменија и Палестински територии.
Весникот пишува дека „при изборот на дестинација за нови дипломатски претставништва, најмногу се водела сметка за реализација на една од најзначајните надворешно-политички цели на Србија – зачувување на суверенитетот и територијалниот интегритет на државата”, така што станува збор за земји, кои или не ја признале независноста на Косово или го повлекле признавањето.
Србија во моментов има 69 амбасади, седум постојани мисии и 24 конзулати.
Ново на Сител
-

Ристовска го тужи ВМРО-ДПМНЕ
-

Владата пресмета 11.000 денари пониска потрошувачка кошничка од синдикатот
-

СДСМ: Никој не гласаше за 600 евра минимална плата
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е како бугарски амбасадор во Македонија
-

Цените на угостителските услуги растат, но што добиваат гостите
-

Во Босилово одржан 68-миот државен натпревар за трактористи
-

Преглед на вестите од светот
-

Аналитичарите не гледаат суштински резултат по средбата во Софија, ова е прв чекор во деблокада на процесот
