Новогодишното насилство во Германија иницира формирање на локални милиции на социјалните мрежи
По насилството во Германија врз стотици жени за време новогодишната ноќ од страна на луѓе со „арапско или северноафриканско потекло“, голем број Германци започнаа да се организираат на социјалните мрежи со цел „заштита на германските жени“, јави дописникот на МИА од Берлин.
Истрагата за масовните напади врз жени во текот на новогодишната ноќ се уште трае, но дел од граѓаните во делови од Германија почнуваат да се самоорганизираат. Во Групата „Дизелдорф одговора“ веќе има повеќе од 1.000 припадници, кои сакаат да ја „заштитат иднината на германските жени“, пренесува интернет весникот „РП- Онлајн“.
Групата планира за време на викендите и празниците да им помага на жени во неволја, а според организаторите, припадниците на групата нема да се служат со насилство, ниту имаат политички мотиви. Единствена нивна цел е од утре, за кога се најавува првата акција, да го претворат градот Дизелдорф во безбеден за жените.
На оваа иницијатива се спротивставува полицијата во Дизелдорф. - Единствен одговорен фактор за јавната безбедност е полицијата, изјави портпаролот на локалните полициски сили во градот, според кого потрагата по напаѓачите, кои во овој регион ги има десетина, е работа на полицајците, а не на граѓаните.
Ммнистерот за внатрешни работи на германската покраина Западна Рајна-Вестфалија, Ралф Јегер, кој е член на Социјалдемократската партија, ги осуди плановите на десничарските движења, кои новогодишните напади ги поврзуваат со бегалците и барателите на азил.
Дел од германските хулигани на интернет веќе побараа напади врз луѓе со „црна боја на кожата“ по улиците.
Според Јегер, овие пораки се одвратни исто колку и сексуалните напади и затоа повиците на екстремните десничари, кои се политички мотивирани треба да се отфрлат.
Последните инциденти за Нова година, кои според нападнатите жени биле спроведени од луѓе со „арапски и северно африкански изглед“, ја зголеми активноста на антиисламските сили во Германија.
Аналитичарите очекуваат зголемена поддршка на групата Патриотски Европејци против исламското влијание во Европа (Пегида), која се очекува да го зголеми своето влијание надвор од Дрезден, каде секој понеделник се собираат илјадници луѓе кои протестираат против се поголемиот број муслимани во Германија.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министер за образование и наука
-
245 000 ученици утре ќе седнат во училишните клупи - 17 250 се првачиња
-
Колку е штетен Чет ГПТ за децата и тинејџерите?
-
Филипче: Иако Мицкоски не’ одби ќе поднесеме документ за црвените линии
-
Партиски активности на кандидатите за градоначалници
-
Инфлацијата кај нас е повисока од еврозоната заради очекувањата дека цените ќе продолжат да растат
-
Недостасува ИТ квалификуван кадар за поддршка на електронските услуги