Новогодишни тезги во Куманово

Општина Куманово деновиве започна со издавање под закуп на 25-те унифицирани тезги, дел од комуналната опрема која е поставена на градскиот плоштад пред Центарот за култура, во пресрет на новогодишните празници.
Надлежните од секторот за инспекциски надзор, информираат дека дел од тезгите се издадени на закупци кои за унифицираната опрема плаќаат комунална такса и надоместок во надлежното одделение.
Од секторот за инспекциски надзор информираат дека ќе воведат постојан надзор на локацијата, за да се спречи евентуално поставување тезги кои не се сопственост на општината.
-Надлежните инспектори на терен ќе надгледуваат да не се постават импровизирани тезги од картони и најлон, истакна Вера Лазаревска, раководител на секторот за инспекциски надзор.
На закупците ќе им биде дозоволено поставување на единичен пластичен најлон за да се заштитат од неповолните временски услови. Општина Куманово пред три години набави унифицирани дрвени тезги со стандардна големина и ги издава за различни манифестации на заинтересирани закупци.
„Новогодишното пазарче“ ќе функционира до крајот на овој месец.
Ново на Сител
-

Украина и Финска потпишаа договор за производство на дронови
-

Арагчи: Новите американски санкции се знак на очај и нема да го скршат Иран
-

Американските авиони поради кои Техеран и се закани на Софија ја напуштија Бугарија
-

Путин: Глорификацијата на нацизмот и неонацистичката идеологија е во темелите на модерната украинска државност
-

Истрели од огнено оружје во Арачиново, повредени две лица
-

Поставена и осветена биста на Кирил Пејчиновиќ во дворот на црквата Свети Димитриј во Теарце
-

Се доизгаснува големиот пожар кај Струмица
-

Приведен 30 годишен кумановец, допирал 18 годишна девојка по телото, по што побегнал со мотоцикл
