Новогодишна „честитка“ од Регулаторната: Бензините занчително поскапуваат
Вистинска новогодишна „честитка“ ќе ни испорача Регулаторната комисија во понделник. Цената на нафтата на светските берзи, гарантира дека од идниот вторник ќе возиме значително поскапо гориво.
За помалку од две недели, нафтата на берзата во Лондон е поскапа за повеќе од 5 долари во однос на цената врз основа на која регулаторот ја формираше малопродажната цена на 12 декември.
По Договорот на членките на ОПЕК да се намали производството за очекување е натамошно зголемување на цените на нафтените деривати. Дополнителен поттик на цената и даде и информацијата за намалувањето на резервите на САД, што гарантира дека цената ќе продолжи да се движи во нагорен правец.
За македонски услови, ваквиот развој на настаните на светските пазари гарантира дека ќе возиме поскапо гориво.
Во понеделникот на 12 декември, Регулаторната комисија за енергетика ги поскапи бензините за 2,5 денари, а дизелот за 3 денари. За очекување е уште едно слично поскапување да има и идниот понеделник на 26 декември.
Во моментов литар ЕУРОСУПЕР БС 95 се продава за 64,5 денари, а 98 октанскиот за 66,5 денари. ЕУРОДИЗЕЛ-от чини 51,5 денари за литар.
Ново на Сител
-
Нова кривична пријава против екс-директорот на Лотарија Перпарим Бајрами кој исто како и Артан Груби е во бегство
-
Одлуките за замрзнати цени и маржи стигнаа до Службен весник
-
Николоски: Нема да одиме против УНЕСКО за автопатот
-
Иницијативата на ЗЕЛС за општокорисна работа помина на Влада: Кои се следните чекори на работната група?
-
Уставните судии неодлучни – дали зголемениот праг за независните листи се уставни?
-
700 „фантоми“ се уште се невидливи за државата: 13-годишно девојче конечно доби извод
-
Преглед на вестите од светот
-
Николоски најавува влез на нови странски инвестиции