Ново возило за КЈП „Водовод“ од Кочани
Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ од Кочани од денеска го збогати својот возен парк со нова машина која ќе биде наменета за ископ на земја, товарање и разбивање карпи и тврда подлога.
Новото возило е од британската марка „ЈПЦ“ и е сопствена инвестиција на претпријатието во вредност од 77 илјади евра.
Според директот на КЈП „Водовод“ Љупчо Папазов, се работи за современа машина која била неопходна на возен парк на претпријатието и ќе биде во функција исклучиво за неговите потреби.
- Со новата машина која ќе биде ставена во функција по новогодишните празници очекуваме да ги намалиме трошоците во одржувањето на постоечката механизација, а во исто време побрзо, поредовно и поажурно да ги завршуваме нашите обврски, истакна Папазов.
Набавката на новата машина според Папазов, била една од обврските преземени во рамки на проектот за изградба на пречистителната станица за отпадни води. - Се работи за сопствено учество на локалната самоуправа и на КЈП “Водовод“ во целиот проект кој изнесува 21 милион швацарски франци.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер
-
Договор за стратешко партнерство со Велика Британија
-
Експертите ја поздравуваат најавата за инвестиции
-
Зоврива албанскиот блок со заострена реторика пред локалните избори
-
Загрижувачки 30 проценти од бремените жени се соочуваат со анксиозно-депресивни потешкотии
-
Инциденцата и преваленцата на малигни заболувања кај пациентите од истокот е во пораст
-
Преглед на вестите од светот
-
Стартува инвестиција на „Шахтерм“ - Турска фабрика за греачи за бела техника