Ново рочиште за „Монструм“
Во Кривичниот суд во Скопје денеска со изведување на докази треба да продолжи судњето по предметот „Монструм“ на Специјалното јавно обвинителство.
На претходното рочиште се гледаше аудио и видео снимка од испрашувањето на заштитениот сведок Хаки Азири од 7 мај 2012 година.
Претходно на прашања од обвинителката од СЈО Фатиме Фетаи одговараше сведокот Ахмет Бекир, кој на претходното рочиште додека сведочеше за петкратното убиство кај Смилковако езеро се онесвести.
За петкратното убиство кај Смилковско езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, беше отворен предмет „Монструм“, а на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ и Езим и Хаки Азири и Сами Љута.
Врховниот суд во декември лани ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. За судот се уште недостапни се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ по кои се распишани меѓународни потерници.
Ново на Сител
-
Утревечер седница на Советот за безбедност на ОН за Босна и Херцеговина по барање на Русија
-
За брзо возење 286 санкции на територија на цела држава
-
Бојмацалиев: Над 603.000 патници на Меѓународниот аеродром Скопје, во првото тримесечје од 2024
-
Во ЗОО Скопје се роди двогрба камила
-
Тешко повреден малолетник во сообраќајка на патот Охрид-Ресен
-
Над 157.000 Грци се пријавиле за поштенско гласање на евроизборите
-
СПМ повикува на масовна излезност на 8 мај, за иднина и стабилност на државата
-
Уапсени и осудени двајца државјани на Македонија за внесување фалсификувани бланко документи во Грција