Новите сириски власти на три месеци ќе ги „замрзнат Уставот и парламентот“
Новите власти во Сирија денеска соопштија дека ќе ги „замрзнат Уставот и Парламентот“ за време на тримесечен преоден период, по соборувањето на долгогодишниот лидер Башар ал Асад.
Портпаролот за политички прашања на новата сириска влада, Обаида Арнаут, изјави за АФП дека ќе биде формиран комитет за правда и човекови права кој ќе го проучува Уставот и ќе направи промени, пренесе Бета.
Сегашниот устав на Сирија датира од 2012 година и во него не се наведува експлицитно дека исламот е државна религија.
Бунтовниците предводени од радикалните исламисти, кои ја презедоа власта во Сирија во неделата, го назначија Мохамед ал Башир за шеф на преодната влада, кој ќе биде на функција до 1 март 2025 година.
Досега Башир ја предводеше „владата на спасот“ во упориштето на бунтовниците Идлиб, во северозападна Сирија.
Портпаролот Арнаут изјави дека во вторникот се одржала средба меѓу членовите на „владата на спасот“ и поранешните министри на владата на Асад, во врска со трансферот на власта.
– Наш приоритет е да ги спасиме институциите и да ги заштитиме, рече Арнаут.
По 11-дневната офанзива, коалицијата на бунтовнички групи, предводени од радикалните исламисти од групата Хајат Тахрир ал-Шам, во неделата го соборија Асад, кој побегна во Русија со своето семејство.
Арнаут рече дека новите власти сакаат да воспостават „правна држава“ по повеќе од половина век владеење на семејството Асад, обележано со репресија.
Тој додаде дека „на сите оние кои извршиле злосторства против сирискиот народ ќе им се суди во согласност со законите“.
На прашање за верските и личните слободи, тој рече дека новите власти „ја почитуваат верската и културната различност во Сирија, која ќе остане таква каква што е“.
Во земјата, каде мнозинството се сунитски муслимани, Асад, припадник на алавитското малцинство, се претставуваше како заштитник на малцинствата кои стравуваа дека ќе бидат цел на новите власти.
Ново на Сител
-
Одземени спорните записници од Судски, Мицкоски најавува десетици други акции
-
Обвинителството собира докази за Груби и Беџети
-
Евроабасадорот Рокас ги поддржува активностите за расчистување со корупцијата
-
Ахмети пак се закани - Мицкоски не е загрижен
-
По јазикот проблем и химната
-
Светска Банка предлага зголемување на ДДВ од 18 на 19%, но и покасно одење во пензија
-
Премиерот фрли лопата - Нова инвестиција вредна 40 милиони евра и 600 нови вработувања
-
О2 бара државата да забрани увоз на половни возила постари од 10 години