Новиот омбудсман Насер Зибери ќе даде свечена изјава пред претседателот на Парламентот
Новоизбраниот народен правобранител Насер Зибери денеска ќе даде свечена изјава пред претседателот на Собранието Талат Џафери. Зибери беше избран за омбудсман на седницата на Собранието на Република Македонија на 25 јануари годинава.
Тој ќе ја наследи функцијата на Иџет Мемети кој беше на чело на институцијата 16 години, односно два мандати по осум години.
Зибери е роден во 1961 година. Дипломирал во 1985 година на Правниот факултет на Универзитетот во Приштина. Во 2010 година положил правосуден испит. Во периодот од 1986 год 1990 година работел како новинар во весникот „Флака е влазеримит“. На првите парламентарни повеќепартиски избори во 1990 година, но и на изборите во 1994 година и 1998 година, бил избран како пратеник во Собранието. Од 1996 до 1998 година, Зибери бил и министер за труд и социјална политика, како и потпретседател на Владата.
Зибери на последните парламентарни избори во јуни минатата година беше предложен од ДУИ како кандидат за прв премиер Албанец во Република Македонија.
Ново на Сител
-
За влез и за излез во државата од Табановце и Богородица се чека еден час, во функција сите ленти на граничните премини
-
Пандов: Јанева има право пак да побара да работи надвор од затворот, нека побара
-
Пронајдена експлозивна направа во напуштена куќа во Велес
-
Од топлотен удар почина жена на Кипар, три други хоспитализирани во сериозна состојба
-
Убиецот од Хрватска има 51 година: ја убил мајка си, штитениците и вработените во Домот за стари лица
-
Таравари: ДУИ 22 години беа на власт и ништо не кажаа, а сега од опозиција за два месеци имаат големи идеи
-
Приведен осуденик баран со потерница поради бегство од затворот „Идризово“
-
Поевтинуваат горивата, ова се новите цени