Новиот календар на „Пирели" ги собра холивудските ѕвезди (видео)
Добитничката на „Оскар" Никол Кидман и Џулијан Мур се само дел од ѕвездите кои го красат календарот на „Пирели" за 2017 година
Сликите за новото издание на календарот ги направи германскиот моден фотограф Петер Линдберг, кој работеше со „Пирели" и во 1996 година и 2002 година
На Календарот за 2017 година се најдоа некои од најголемите ѕвезди на Холивуд.
Пред објективот на Линдберг позираа и Пенелопе Круз, Хелен Мирен, Ума Турман, Робин Рајт, Лупита Нионго, Алиша Викандер, Кејт Винслет, Руни Мара, Џесика Частеин, Шарлот Рамплинг, Жанг Ции и Леа Сејду.
Целта на фотографот е да ја разобличи лажната претстава за убавина, наметната од индустријата.
Компанија „Пирели" го издава култниот календар уште од 60-тите години на минатиот век. Тој се дава во ограничен тираж на привилегирани партнери и пријатели на фирмата.
Ново на Сител
-
Тема на денот со професор Борче Треновски
-
Крвав пир во Цетиње – Убиени 12 лица, уште 4 тешко се повредени
-
Порасна бројот на загинати и повредени во терористичкиот напад во Њу Орлеанс
-
Мицкоски: Подготвен сум да разговарам за натпартиско обединување
-
Владата планира да ја гради втората фаза од жичницата, ќе се доградат и зградите на ФИНКИ и ФФК
-
Судски совет утре избира претседател
-
Маглата одложи летови, Скопје на врвот на листата најзагадени градови во Европа
-
Анализа: Поради петарда дете остана со траен инвалидитет – Дали системот потфрли?