Новиот градоначалник на Кочани наследува шест милиони евра на сметките на Општината и во проекти што се реализираат
Досегашниот градоначалник на Кочани, Николчо Илијев на својот наследник Љупчо Папазов му остава позитивно салдо во Локалната самоуправа со вкупен износ од шест милиони евра. Од нив, еден милион евра се финансиски средства на сите сметки на Општината, а останатите се во проекти чија реализација е во тек.
По соопштувањето на официјалните резултати од страна на Државната изборна комисија за вториот круг од локалните избори, Илијев потврди дека го завршува мандатот како градоначалник.
– На оваа функција пристигнав тивко, се посветив максимално и вградив четири години од животот во дела кои ќе сведочат за една современа визија и отворен пристап во решавање на проблемите. Токму затоа не се чувствувам поразен! Заминувам уште потивко, со огромно задоволство, од таму од каде што дојдов, таму каде што припаѓам. На сите ви благодарам за поддршката и довербата. До новиот градоначалник упатувам искрени честитки и најубави желби за големи успеси, истакнува Илијев во писмен допис до јавноста.
Вкупното салдо на сите сметки на Општина Кочани е над 63 милиони денари, додека реализацијата на Буџетот, заклучно со денеска е близу 224 милиони денари, се додава во дописот.
Новото раководство на Општина Кочани добива дваесетина почнати проекти со избран изведувач, тековни работи или со обезбедени средства за реализација, а подготвена е и проектна документација за уште десетина други проекти.
Ново на Сител
-
Трет обид за ликвидација на Раде Трајковски Штекли - Фрлена бомба во двор на неговата куќа
-
Собранието ја стартува расправата за буџетот, поднесени над 300 амандмани
-
Таравари до Ахмети: Наместо избори, работете на реформи во партијата и адаптација во опозицијата
-
Утре стартува јавната дебата за реформи во судството
-
Само 12% од компаниите имаат вработени ит експерти, Македонија зад европскиот просек
-
Социјално ранливите се борат со глад
-
Преглед на вестите од светот
-
Минималец од 450 евра сега, во март ќе бараме повеќе