Свет
9. May 2016 - 10:45

Новинар од Би-Би-Си уапсен во Северна Кореја

Дописникот на Би-Би-Си, Руперт Вингфилд е приведен во Северна Кореја и протеран од земјата поради неговото известување. 

Тој, заедно со продуцентката и камерманот е приведен во петокот кога сите тројца заминале на аеродром со намера да ја напуштат Северна Кореја. 

Вингфилд бил испитуван осум часа, а севернокорејските претставници го натерале на крајот од испитувањето да потпише изјава, наведува Би-Би-Си. 

Тројцата биле однесени на аердором со придружба. 

Раководството на Северна Кореја не било задоволно со извештаите во кои се нагласени аспектите на животот во престолнината на земјата.