Новицки го надмина легендарниот Вилт Чембрлен
Дирк Новицки го надмина легендарниот Вилт Чембрлен на вечната листа на реализатори во НБА.
Германецот имаше потреба од само 4 поени во натпреварот кој неговиот Далас Маверикс го загуби во продолжението против Њу Орлеанс Пеликанс, за да го подобри рекордот на најдобриот играч во НБА од 60-тите години.
Рекордот падна во првата четвртина откако Новицки ги реализираше првите два шута.
– Цела сезона се зборуваше дека можам да го надминам и се радувам што конечно целата приказна е зад мене, рече Дирк Новицки.
Вилт Чемберлен постигна 31.419 поени за 15 сезони во лигата. Дирк Новицки го надмина во својата 21 година во НБА, играјќи околу 400 меча повеќе од легендарниот центар.
Четириесет годишниот Германец се уште не објавил официјално дали ќе ја заврши кариерата на крајот од сезоната.
Цела година тој се радува на вниманието на навивачите во сите сали во лигата, кои го „испратија“ за секој случај, бидејќи не знаат дали ќе го видат повторно на теренот.
Резултати од НБА:
Кливленд – Детроит 126:119
Вашингтон – Јута 95:116
Бостон – Денвер 105:114
Торонто – Њујорк 128:92
Оклахома Сити – Мајами 107:116
Сан Антонио – Голден Стејт 111:105
Далас – Њу Орлеанс 125:129 по продолжение
Феникс – Чикаго 101:116
Портланд – Индијана 106:98.
Ново на Сител
-
Првата македонска фудбалска лига се намалува на 10 екипи
-
Уште една пријава од граѓанин за насилно одземена биста од Градските гробишта Бутел
-
Приведени битолчани со пиротехнички средства на натпреварот „Вардар 1961“ - „Пелистер“
-
Пациентите задоволни од медицинскиот кадар, но бараат подобри услови во штипската физикална терапија „Кежовица“
-
Приведено лице во Демир Хисар, возело под дејство на алкохол
-
САД: Допрва претстои силен руски одговор на украинските напади со дронови
-
Два аеродрома во Москва затворени по украински напад со дронови
-
Штипјанец лишен од слобода, возел под дејство на алкохол