-->
-->
Нови вработувања во Општата болница Кочани
-->
Во Општата болница Кочани во редовен работен однос од денеска се примени тројца доктори по општа медицина. Тие ќе бидат упатени на специјализација по анестезиологија, педијатрија и ОРЛ. Новите специјализации се резултат на неодамнешниот оглас што го распиша Министерството за здравство за кофинансирани специјализации, информира директорот на болницата, Дејан Апостоловски.
Наскоро ќе биде распишан оглас за вработување на уште шест лица во Општата болница Кочани, и тоа двајца лекари кои ќе бидат упатени на специјализација со предност на хируршки гранки и четири вработувања од кои две сестри, еден лаборант и еден радиолошки техничар. Огласот е резултат на 350-те одобрени вработувања од Владата за здравствени работници.
Инаку, четворицата специјализанти за година дена се враќаат во Општата болница со што хируршкото, невропсихијатриското, педијатриското и гинеколошкото одделение ќе бидат комплетирани, и ќе се создадат услови за поквалитетна здравствена заштита на жителите од кочанскиот регион и соседните општини.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Дејан Мираковски, ректор на Универзитет „Гоце Делчев“
-
Tрамп со порака против независна Палестина
-
Експерти: Системската корупција е најголема безбедносна закана за државата
-
Филипче реагира на изјавата на Мицкоски
-
Секој петти Македонец живее во сиромаштија
-
Трамп денеска говори на ОН
-
Реакции по условната казна за онкологот Пешевска
-
Цело Скопје е затрупано со ѓубре, неизвесно е дали утре ќе возат автобусите на ЈСП