Нови уредби за услугите на воздухопловната навигација
Во согласност со обврските преземени со Мултилатералната спогодба за основање на Европска заедничка воздухопловна област (ЕЗВО) Владата, на предлог на Агенцијата за цивилно воздухополовство на РМ, донесе повеќе уредби со кои се врши усогласување со новите регулативи од страна на Европската унија.
Уредбите се однесуваат на начинот на давање услуги на воздухопловната навигација, како и посебните услови во однос на потребниот персонал, опремата и другите посебни услови неопходни за безбедно и уредно работење.
Како што информираат од прес-службата на Владата, со уредбите се врши и усогласување со регулативата во однос на организацијата и користењето на воздушниот простор, како и на правилата и условите за заемна оперативност на системите, нивните составни делови и поврзаните процедури за давање услуги на воздухопловна навигација со европската АТМ мрежа.
Ново на Сител
-
Советите се правдаат, невладините велат лоша порака се назначувањата
-
Конститутивна седница на советот за безбедност
-
Тема на денот со Костадин Костадинов, градоначалник на Струмица
-
ВМРО ДПМНЕ: СДСМ прави упад во академијата за судии и јавни обвинители
-
Конститутивна седница на советот за безбедност
-
МВР ќе проверува 500 функционери за валидност на документи кога стапиле на функција
-
Пензионирани инспектори на МВР работеле за кланот „Грчец"
-
Филипче тврди дека СДСМ е подготвена за предвремени избори