Македонија
5. January 2018 - 8:24

Нови уредби за услугите на воздухопловната навигација

Во согласност со обврските преземени со Мултилатералната спогодба за основање на Европска заедничка воздухопловна област (ЕЗВО) Владата, на предлог на Агенцијата за цивилно воздухополовство на РМ, донесе повеќе уредби со кои се врши усогласување со новите регулативи од страна на Европската унија.

Уредбите се однесуваат  на начинот на давање услуги на воздухопловната навигација, како и посебните услови во однос на потребниот персонал, опремата и другите посебни услови неопходни за безбедно и уредно работење.

Како што информираат од прес-службата на Владата, со уредбите се врши и усогласување со регулативата во однос на организацијата и користењето на воздушниот простор, како и на правилата и условите за заемна оперативност на системите, нивните составни делови и поврзаните процедури за давање услуги на воздухопловна навигација со европската АТМ мрежа.