Македонија
7. November 2020 - 14:45

Нови тридимензионални пешачки премини во Куманово

Продолжи обновата на хоризонталната сигнализација во Куманово, овој пат со исцртување на тридимензионални пешачки премини, кои ќе бидат повидливи за возилата и со тоа ќе придонесат за намалување на брзината. Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски објави дека и во наредниот период ќе продолжат со поставување на ваква сообраќајна сигнализација.

-Нови тридимензионални пешачки премини на влезот во Куманово, продолжуваме и на други локации во градот, напиша Димитриевски.

Надлежните од општината за оваа дејност појаснуваат дека во наредниот период ќе бидат исцртани уште дополнителни вакви пешачки премини во централното градско подрачје, а наредната сезона ќе продолжат и на останатите улици.

Во рамки на програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура во Куманово за тековната година, за хоризонталното обележување заедно со поставување на заштитни столбови од општинскиот буџет одвоени се 2,5 милиони денари.

Ново на Сител