Нови протести во Белград
Неколку илјади граѓани и вечерва се собраа пред зградата на српското Собрание во Белград од каде се упатија на протестна прошетка низ централните белградски улици.
Како што јави Танјуг, вечерашната прошетка се одржаа и покрај најавите на организаторите на протестите против изборот на српскиот премиер Александар Вучиќ за нов претседател на Србија, дека нема да има собири во текот на велигденските празници.
Демонстраните свиреа со свирчиња и извикуваа слогани со барање за фер избори, департизација на државата, децентрализација на земјата и слобода на медимите.
Меѓу транспарентите кои можеа да се прочитаат на протестите беа и „Падни ми на гради, Небојша“, „Не сакаме да бидеме евтина работна сила“, „Ние сме клинците кои се саморганизираа во времето на поплавите“ и „Правдата и правото се движат со нас“.
Ова беше десетти ден на вечерни протести во Белград по претседателските избори одржани на 2 април на кои победи Вучиќ.
Ново на Сител
-
Ќе се зголемат ли цените на храната по новогодишната кошница?
-
Моментална проодност на патните правци низ земјава
-
Тема на денот со Изет Меџити, вицепремиер и министер за животна средина
-
Македонија под снег и мраз
-
Македонија под снег и мраз
-
Граѓани со скршеници ги полнат болниците
-
Ослободителна пресуда за Гордана Јанкуловска, затвор за началниците во бегство
-
По интерпелацијата Даути си се смета за разрешена, но се уште нема оставка