Нови пријави за оштетени автомобили и поплавени објекти во Скопје
Центарот за управување со кризи утринава информира дека се уште пристигнуваат пријави за оштетени автомобили и поплавени објекти од синоќешното невреме.
На Единствениот број за итни случаи 112 во 03:22 часот е добиена пријава за паднато дрво врз три возила и на коловоз на улицата „Разловечко востание“ бр.16 во општина Карпош, а утринава во 06:09 часот е добиена уште една пријава за оштетен автомобил на истата улица бр. 12.
Од Регионалниот ЦУК Скопје е информирано за интервенција до надлежните служби.
Добиена е и пријава за причинета материјална штета во погонот на компанијата „Ла пласт“.
- Според пријавителот, најверојатно постои проблем со атмосферската канализација или пак е пукната цевка, при што водата тече по улица и се слева во неговите погони. Во моментот објектот се наоѓа поплавен до 50 сантиметри под вода. РЦУК Скопје ги извести надлежните служби за интервенирање според пријавениот итен случај, информираат од ЦУК.
До ЦУК е пристигната и информација за одрон на патот Прилеп кон Каварадци односно меѓу тунелот и селото Дреново. Одронот е на двете коловозни ленти. Известени се надлежните служби кои информирале дека итно ќе испратат екипа на терен.
Ново на Сител
-
Украла пари од домот на 74 годишна жена, приведена прилепчанка
-
До крајот на неделава променливо време со повремен дожд и ветер
-
Нова кривична за Мерко
-
Внимавајте се појавија лажни паркинг карти - не ги плаќајте
-
Пронајдени мигранти од Непал, приведени две лица од кумановско
-
ЦУК: Вкупно 1.727 повици на 112, осум пожари на отворено
-
Еден загинат и 27 повредени во судар меѓу автобус и автомобил кај Инџија
-
Со кран се евакуираат станари од покривот на зградата во Чаир | ВИДЕО