Нови правила за набавка на електрична енергија за загубите во дистрибутивниот систем

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) на денешната подготвителна седница ги разгледа правилата за набавка на електрична енергија за покривање на загубите во дистрибутивниот систем во сопственост на ЕВН-електродистрибуција со кои се предвидува да се оптимизира постапката за набавка на електрична енергија за загубите.
- ЕВН ќе има право да купува електрична енергија на таканаречените пазари „ден однапред“ и „во текот на денот“ во регионот, а верувамево скоро време и на берзата што ќе се формира во Република Македонија, изјави претседателот на РКЕ Марко Бислимовски.
Тој нагласи дека целта на овие правила да се оптимизираат трошоците за набавка на електрична енергија за загуби, а со тоа да се намали и притисокот врз цената на струјата за крајните потрошувачи.
- Предвидено е со новиот Закон за енергетика и со овие правила доколку ЕВН во реално време набави повеќеколичинина електрична енергија за загуби, да може да ги продаде со што се отвора уште еден чекор за намалување на трошоците за загуби на електрична енергија, рече Бислимовски.
РКЕ денеска разгледуваше и две барања за лиценци за производство на електрична енергија од фотоволтаици.
- Тоа ќе бидат фотоволтаични системи кои нема да користат повластени тарифи и по пазарна цена ќе ја продаваат струјата на слободниот пазар на електрична енергија, информира Бислимовски.
Нагласи дека еден од барателите на лиценца е ОКТА која ќе гради фотоволтаична електрана на покривот на фабриката „Единство“ во Струмица.
- ОКТА има и лиценца за снабдување со електрична енергија. Произведената електрична енергија ќе ја продава на снабдувачот со електрична енергија, а потоа тој ќе ја продава на „Единство“, прецизира Бислимовски.
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова: Можеме и мораме да направиме се што е во наша моќ ваквите трагедии никогаш повеќе да не ни се повторат
-

18-годишен мотоциклист загина во сообраќајна несреќа во Чаир
-

Работник починал по пад од висина во Скопје
-

Македонските институции и македонскиот здравствен систем соодветно се справи со трагедијата во Кочани
-

Томовски: По трагедијата во Кочани, како институции имавме должност да реагираме брзо, одговорно и солидарно
-

Мицкоски: Трагедиите не смеат да останат без одговори, општеството има право да ја знае вистината - им го должиме тоа на жртвите
-

Уапсен скопјанец, при претрес пронајден кокаин подготвен за продажба
-

Приведен 15-годишник, се заканувал дека ќе постави бомби и ќе изврши убиства во тетовско средно училиште
