Нови позитивни случаи на коронавирусот во градинка, болница и во штипската општинска зграда
Во штипската градинка „Вера Циривири-Трена“ има позитивен случај на коронавирус. Станува збор за вработен од техничкиот персонал, информираше денеска вршителот на должност градоначалник на Општина Штип, Јане Миланов.
Тој истакна дека во тек е епидемиолошката анкета меѓу вработените во градинка, со цел да се спречи ширењето на заразата. – Точно е дека коронавирусот е влезен и меѓу општинската администрација, имаме еден позитивен, а неколкуминива вработени се во изолација, вели Миланов.
Тој истакна дека поради владините мерки и насоки, општинската администрација почна да работи и по системот на ротации, а оние вработени кои можат да ги извршуваат работите од дома, тоа го прават онлајн.
Во штипската Клиничка болница зголемен е и бројот на позитивни случаи на Ковид-19 меѓу здравствените работници. Потврдени се дополнително уште двајца заразени лаборанти, со што во ова одделение бројката на позитивни лаборанти се искачи на шест, а осумина се во изолација. Вкупниот број на заразени лаборанти, лекари и медицински сестри изнесува 12. Во моментов на Инфективното одделение хоспитализирани се 49 пациенти, од кои над половината се на кислородна поддршка.
Ново на Сител
-
Mицкоски: Протестите во Кочани преминаа во политичко движење
-
Мицкоски: Извештајот ќе биде усвоен
-
Тема на денот со Ана Марјановиќ, онколошки пациент, дел од Хема-Онко
-
Утре е изборот на Алиу за министер за здравство
-
Бугарија бара смена на известувачот за Македонија Томас Вајц
-
СДСМ: Набавен сомнителен софтвер за прислушување
-
Владата го демантира СДСМ: Нема набавка на нов софтвер
-
Одморалиштето „Пониква” станува центар за рехабилитација на повредените од пожарот во Кочани