Нови покриви и лифтови за жителите на Карпош
По комплетирањето на изведбата на енергетско ефикасни фасади на колективни станбени згради, градоначалникот на oпштина Карпош Стевчо Јакимовски најави и реконструкција на покриви на индивидуални и станбени објекти.
Како што се наведува во соопштението на општина Карпош, Јакимовски денеска ги информирал жителите на Карпош дека е предвидена и реконструкција и изградба на лифтови на колективни згради повисоки од пет ката.
- Досега се имаат пријавено 45 колективни станбени згради за замена или изградба на покривите. Практично тоа значи замена на салонитните табли, кои што според наши сознанија се канцерогени, како и реконструкција на индивидуални станбени објекти кај граѓани кои пријавиле дека имаат салонитни табли, изјави Јакимовски.
Нагласи дека целта на оваа активност, во наредните пет до седум години. е да нема ниту една куќа со салонитни табли. Потенцираше дека при замената на покривите ќе се користи исклучиво лим во бела боја, обезбеден со средства на буџетот на локалната самоуправа, кој ќе ја подобри и климатската состојба во Општина Карпош.
- Имаме намера да ги реконструираме лифтовите, се со цел да ја подобриме безбедноста на граѓаните и да се намали потрошувачката на електричната енергија, која се троши за овие лифтови. На седница на Советот на општина Карпош се одобрени осум, а останува да се одобрат уште четири барања за замена и реконструкција на лифтови на колективни станбени згради или вкупно дванаесет. Сакаме да ги повикаме и оние станбени објекти, кои што имаат дотраени лифтови да се обратат до нас, кои учествуваме со 65 проценти од инвестицијата, додека 35 отсто се учество на граѓаните, рече Јакимовски.
За оваа намена, продолжи тој, се обезбедени 36 милиони денари, односно 14 милиони денари за поправка и изградба на лифтови и 22 милиони денари за реконструкција на покривите.
- Граѓаните ја обезбедуваат работната рака, а останатиот дел од инвестицијата е обезбеден од финансиите на локалната самоуправа. Сакаме да ги поттикнеме граѓаните за поголем интерес и учество во реконструкција на покривите, и покрај обнова на фасадите, овие станбени згради да бидат во одлична состојба и наредните 30 години граѓаните да немаат никакви проблеми со своето домување, рече Јакимовски.
Ново на Сител
-
Teма на денот со Наќе Чулев, поранешен министер за внатрешни и поранешен директор на АР
-
Филипче: Разбирам зошто граѓаните се загрижени, но ЕУ процесот мора да продолжи
-
Студентите бараат зголемување на износот за субвенциониран оброк
-
Екс директорот на АНБ негира незаконско следење на комуникации, Мицкоски вели - сите ќе одговараат
-
Се води истрага кој го подметнал пожарот на Вардариште, надлежните си ја префрлаат одговорноста
-
Почна селекцијата за судија во Стразбур
-
Две години затвор за Љамалари за нападот врз градоначалничката Арсовска
-
На Татјана Димитровска ќе ѝ се суди во одделна постапка од „Адитив“