Македонија
30. October 2019 - 19:26

Нови обвинувања за милионски злоупотреби во ИВЗ

Нова кривична пријава против поглаварот на ИВЗ поднесе Скендер Бузаку. Со докази на 1000 страници тврди дека Сулејман Реџепи, финансирал тероризам, испрал уште 1.5м евра , затајувал данок и сторил уште многу други дела казниви со закон. Наместо одредени суми да завршат во хуманитарни организации за наводно да бидат помогнати сиромашните, парите завршиле на рака кај Реџепи и неговиот помошник.

Поранешен муфтија од Битола тврди дека добиваат закани ипритисоци и од политичари, кои директно влијаат во правосудните органи  па затоа Сулејман Реџепи се уште не бил изведен пред лицето на правдата.

Бузаку документите ги добил од имами во ИВЗ  кои доколку бидат повикани за овој криминал ќе сведочат и во обвинителството. Од Исламска верска заедница без коментар за новата кривична пријава, за обвинувањата  најавија нова тужба за клевета против Бузаку.