„Нови лист“: Просечниот хрватски министер е маж од јавниот сектор на возраст од 47 години
Иако мандатарот Тихомир Орешковиќ, како што рече, своите министри ги бирал од бизнисот, академската заедница и јавниот сектор, од 23 членови на Владата, само тројца доаѓаат од приватниот сектор, пишува „Нови лист“.
Преостанатите 20 членови на Владата своите кариери ги изградиле во она што во поширока смисла го покрива јавниот сектор, значи институциите кои се финансираат од буџет.
Меѓу членовите на Владата има три жени, односно 13 отсто, додава весникот.
Членовите на Владата се во просек стари 47 години со тоа што најстариот меѓу нив е министер за земјоделство Давор Ромиќ, кој оваа година ќе наполни 58 години, а следи Томислав Карамарко, кој е една година помлад.
Најмладиот член на Владата е идниот потпретседател Божо Петров кој во октомври ќе наполни 37 години.
Интересно е и што повеќето членови на Владата, 13 од нив, се родени во градови на море, односно доаѓаат од Истра до Дубровник, додава „Нови лист“.
Ново на Сител
-
Пукање во Чаир, повеќе лица повредени
-
Македонија и Хрватска ја продлабочуваат образовната соработка
-
Трамп најави масовни помилувања откако Бајден го помилува синот Хантер
-
Зеленски до Шолц: На Украина и се потребни повеќе системи за противвоздушна одбрана
-
Претседателот на Собранието Гаши на аудиенција кај шведскиот крал
-
Белгија прогласена за виновна за киднапирање деца во Конго под колонијална власт
-
Раководството на КМФМ заедно со двајцата медалисти од европското на прием кај градоначалникот на Аеродром
-
МВР објави оглас за вработување на 101 лице