Нови докази за висока интелегенција на враните

Научниците открија нови докази за исклучителната интелигенција на враните.
Околу три илјади километри од источниот брег на Австралија се наоѓа идилично убава Нова Каледонија, но најфасцинантна работа на тие острови се враните.
Покрај тоа што се најпаметните птици, можат да решаваат проблеми на ниво на седумгодишно дете, тие прават сопствен алат и знаат дека нивото на водата ќе се подигне ако во неа фрлите камен или некој друг предмет, пренесува РТС.
Враните во Нова Каледонија научниците ги проучуваат веќе подолго време и од неодамна открија нешто што до сега немаат најдено кај други животни.
Според „Њу сајантист“, враните користат дополнителна алатка за полесно носење на други предмети, на пример, со помош на дрвено стапче пренесуваат метален орев.
Тоа е првпат некое животно да може еден предмет во друг да го пренесе на друга локација.
Една врана со помош на стапче пренела предмет кој бил преголем за да го носи во клунот, што значи дека алатката и го олесни контролирањето на предметот, напиша раководителот на истражувањето на Универзитетот Лунд, Иво. Ф. Џејкобс.
Научниците, сепак, напоменуваат дека станува збор за птици кои се излезени од заточеништво, па дополнителните истражувања се потребни за птиците во природата.
Ново на Сител
-

Редок вид на чапја се гнезди крај Дојранското езеро
-

Мицевски - Ле Риголер: Собранието двигател на реформските процеси кои не’ приближуваат до европските стандарди
-

Реализирана исплатата на речиси 10.000 овоштари
-

Силна порака од Роберто Росети за квалитет и поддршка: Напредна едукација и ФИФА амблеми за македонските судии
-

Институтот за македонски јазик доставил забелешки за Предлог-законот за високото образование
-

Сиљановска-Давкова: Одговорни сме кон јазикот како кон непроценливо богатство и моќно миротворно оружје
-

Врнежи од дожд во низините, снег на планините
-

61-годишник со 2,90 промили алкохол во крвта правел хаос во спортска обложувалница во Кисела Вода
