Нови десет случаи со Ковид-19 во Косово, вкупно 387 заразени, 66 излекувани и осум починати
Институтот за јавно здравство на Косово (ИШПК) објави дека во текот на вчерашниот ден во земјата се потврдени нови десет случаи кои, од извршените испитувања во текот на денот, резултирале позитивни на Ковид-19, со што официјалната бројка на заразени со новиот вирус во земјата достигна до 387.
Според синоќешното соопштение на ИШПК, вчера во Лабораторијата за молекуларна микробилогија се тестирани примероците на 137 лица за кои постоело сомневање дека се можни носители на вирусот. Вкупната бројка на тестирани од 8 февруари, заклучно со вчерашниот ден, изнесува 3.547.
Вчера се евидентирани и тројца излекувани од новиот коронавирус, согласно методите пропишани од Светката здравствена организација, со што бројката на лица кои ја пребродиле заразата се зголеми на 66.
ИШПК објави дека во вторникот во земјата не е регистриран ниту еден нов случај на починат од Ковид-19, така што бројот на жртви на пандемијата во Косово и натаму е непроменета и останува осум.
Ново на Сител
-
Двајца мртви и повеќе повредени во пукотници во Кентаки
-
Шекеринска за Хина: НАТО нема да отстапи од поддршката за Украина
-
Над 150 милиони евра од унгарскиот кредит префрлени кај бизнисот, во четврток состанок со општините за договорите од вториот повик
-
УХМР: Попладне утре наместа нестабилно, многу топло во среда и четврток, посвежо и ветровито в петок
-
1711 сообраќајни прекршоци изминатиов викенд, најмногу за брзо возење
-
Малолетник од Куманово затекнат при обид да запали кабли
-
Ирска: Започна ископување на масовна гробница со останки од 800 бебиња
-
Мицкоски: Не ветуваме чуда, туку градиме систем базиран на правда, а не на партиски книшки