Свет
16. March 2021 - 11:40

Нови десет милиони дози од Фајзер за ЕУ во второто тромесечје

Европската комисија соопшти изутринава дека е склучен договор со БиоНТех/Фајзер за дополнителни десет милиони дози за второто тримесечие од оваа година.

Претседателката на ЕК преку писмена декларација го поздрави овој договор во време кога голем број европски земји го суспендираат вакцинирањето со АстраЗенека, и ЕУ се соочува со проблеми со испораката на вакцини.

-Знам колку е клучен вториот триместар за развојот на нашите стратегии за вакцинација во земјите членки. Овие антиципирани десет милиони дози значат вкупно 200 милиони дози во целост. Ова е многу добра вест, изјави претседателката Урсула фон дер Лајен.

Од Комисијата објаснуваат дека овие дози се земаат од опционалните сто милиони дози договорени со Фајзер.