Нови апсења на Косово поради тероризам
На Косово денеска се уапсени уште две лица, кои се осомничени за тероризам, а ова е продолжување на полициската акција во која минатата недела беа приведени седум лица осомничени дека планирале напади на Косово и во други делови на Балканот.
Антитерористичката единица на косовската полиција изврши операции на три различни локации во Качаник, Витина и Митровица, при што уапси две лица, поради сомнеж дека „дејствувале против безбедноста и уставниот поредок на Косово“, а по налог од обвинител им бил одреден притвор од 48 часа.
Косовскиот јавен обвинител изјави дека седуммината осомничени припадници на Исламска држава, кои се приведени минатата недела на Косово, планирале напади на Балканот и добивале инструкции од екстремисти во Сирија. Седуммината осомничени имале контакти во соседните држави, Македонија и Албанија, додека останатите осомничени од истата група и понатаму се на слобода.
Ново на Сител
-
Уште една пријава од граѓанин за насилно одземена биста од Градските гробишта Бутел
-
Приведени битолчани со пиротехнички средства на натпреварот „Вардар 1961“ - „Пелистер“
-
Пациентите задоволни од медицинскиот кадар, но бараат подобри услови во штипската физикална терапија „Кежовица“
-
Приведено лице во Демир Хисар, возело под дејство на алкохол
-
САД: Допрва претстои силен руски одговор на украинските напади со дронови
-
Два аеродрома во Москва затворени по украински напад со дронови
-
Штипјанец лишен од слобода, возел под дејство на алкохол
-
Од утре пад на температурите за три до пет степени со услови за пороен дожд и грмежи