Нови 39 заболени и 21 излекуван од Ковид-19 во Косово, вкупно 669 заразени и 159 излекувани

Институтот за јавно здравство на Косово (ИШПК) објави дека во текот на вчерашниот ден во земјата се потврдени нови 39 случаи, кои од извршените испитувања резултираа позитивни на Ковид-19, со што официјалната бројка на носители на новиот коронавирус во Косово достигна до 669.
Вчера во Косово се евидентирани и 21 лице излекувано од заразната болест, согласно методите пропишани од Светската здравствена организација, со што бројката на лица кои ја пребродиле болеста се зголеми на 159.
Најголемиот број новозаразени, вкупно 26, се од општина Пеќ, деветмина се од Призрен, двајца од Северна Митровица и по еден од општините Исток и Звечане.
Според синоќешното соопштение на ИШПК, вчера во неговата Лабораторија за молекуларна микробилогија се тестирани примероците на 255 лица за кои постоело сомневање дека се можни носители на новиот коронавирус. Вкупната бројка на тестирани од појавата на епидемијата, заклучно со вчерашниот ден, изнесува 5.627.
Во четвртокот е забележана и една нова жртва на Ковид-19. Станува збор за 53-годишен маж од Призрен, кој десет дена порано бил примен на лекување во тешка општа здравствена состојба. Вклучително последната жртва, бројката на починати од заразата во Косово се искачи на 19.
Ново на Сител
-

Убиецот на Тупак осуден на 40 години затвор
-

Пилот шест часа летал за да го ‘нацрта’ познатиот ‘Крик’ – 250.000 луѓе го следеле подвигот на Flightradar24
-

Светот е далеку од исполнување на целта за запирање на уништувањето на шумите до 2030 година
-

Ѓорѓиевски: Продолжува акцијата за чистење на Скопје на повеќе од 50 локации
-

Трамп: На „нашиот“ Гренланд се подготвува обемно истражување на нафта, гас и минерали
-

Денеска се слави Покровот на Пресвета Богородица
-

Најмалку шест жртви во ноќешните руски напади врз Украина
-

Папата Лав има рак на белите дробови
