Нови 2.347 случаи на грип во државава, уште еден смртен случај
Од 3 до 9 март во државава се пријавени 2.347 случаи на групни пријави за заболени од грип - заболувања слични на грипот, за 8,6 проценти помалку во споредба со претходната недела. Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со истиот период од минатата сезона е зголемен за 5,5 пати, а во споредба со бројот за истиот период од типичната епидемиска крива - моделирана од последните 14 сезони, зголемен е за 78,3 отсто, информираат попладнево од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).
Пријавен бил уште еден смртен случај асоциран со грип.
- Се работи за лице на возраст од 82 години од Скопје, кое било хоспитализирано во КБ - Штип. Кај починатото лице е утврдено присуство на коморбидитети и не било вакцинирано со вакцина против сезонски грип. Кај починатото лице, лабораториски е потврдена influenza А(H3), појаснуваат од Институтот.
Од новозаболените, во однос на возрасната дистрибуција, 1.454 лица се на возраст од 15 до 64 години. Деца се 516 на возраст од пет до 14 години. Над 65 години се 198 лица, а 179 се деца на возраст до четири години.
- Највисока инциденца (240,2/100.000) се регистрира кај децата на возраст од пет до 14 години, а кај децата до четири години, инциденцата изнесува 185,5/100.00. Заболените се пријавени од 29 ЦЈЗ/ПЕ, Скопје - 931, Битола - 202, Куманово - 176, Струмица - 112, Тетово - 105, а во останатите, бројот на заболени е помал или еднаков на сто, појаснуваат од ИЈЗ.
Во пет извештајни единици била регистрирана многу ниска, во шест - сезонска, во 15 - средна, во една - висока, а во Дебар и Ресен - многу висока активност на вирусот на грип.
Во сезоната 2024/2025, вкупниот број на случаи на грип - заболувања слични на грип, изнесува 22.291, покажуваат податоците.
- Во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 61,4 отсто, а во однос на моделот од последните 14 сезони, се регистрира зголемување од 19,6 проценти, додаваат од ИЈЗ.
Во досегашниот тек на сезоната на грип, регистрирани биле четири починати лица асоцирани со грипот.
Од ИЈЗ потсетуваат дека вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување. Заклучно со 10-та недела, во Република Северна Македонија вакцинирани се вкупно 72.294 лица со бесплатна или комерцијална вакцина.
Ново на Сител
-
Нови меѓусебни реакции на релација Софија - Скопје
-
Путин поддржува примирје
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-
50 години клиника за нефрологија – годишно на дијализа завршуваат околу 300 нови пациенти
-
5-ти смртен случај со грип оваа сезона
-
Доживотен затвор за убиецот кај Мавровка
-
Обвинителството поднесе жалба за куќниот притвор за Асмир Јахоски
-
Мицкоски: 5% од судиите и обвинителите се последниот штит на криминалите на владата СДС-ДУИ