Skip to main content
  • Facebook
  • Twitter
  • instagram
  • YouTube
  • RSS
  • Вести
  • Видео
  • ТВ Програма
  • Маркетинг
  • Контакт
Насловна
  • Насловна
  • Македонија
  • Балкан
  • Свет
  • Бизнис
  • Спорт
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Ф1
    • Спорт плус
  • Занимливости
    • Живот
    • Џет-Сет
    • Технологија
    • Интернет
    • Здравје
    • Бизарно но вистинито
Свет
4. September 2019 - 18:23

Новата влада на Италија утре ќе положи заклетва

Tweet

Италијанскиот премиер Џузепе Конте формираше нова влада, коалиција меѓу Движењето 5 ѕвезди и Демократската партија од левиот центар, која утре во 10 часот ќе положи заклетва, соопшти денеска Претседателската палата.

Шест дена откако италијанскиот претседател Серџо Матерла му го довери мандатот на Конте да формира нова коалиција, тој денеска го извести шефот на државата дека успеал да го стори тоа.

Конте ги претстави членовите на својот нов кабинет во кој проевропеецот и европратеник на Демократската партија Роберто Гвалтиери ќе ја заземе функцијата министер за економија и финансии. Лидерот на Движењето 5 ѕвезди, Луиџи ди Мајо ќе биде иден шеф на дипломатијата, додека нова министерка за внатрешни работи е Лучана Ламоргесе. Министерството за одбрана му е доверено на уште еден истакнат член на Демократската партија, Лоренцо Герини.

Церемонијата на инаугурација на новата влада ќе се одржи утре во 10 часот во палатата Квиринале, седиште на италијанскиот претседател.

Во новата влада нема претставници од партијата Лига на десничарскиот лидер Матео Салвини, кои беа во претходната коалиција.

Првата 14-месечна влада на Конте се распадна минатиот месец кога Салвини ја повлече својата антиимигранска партија Лига од коалицијата во неуспешниот обид да издејствува предвремени избори за да стане премиер.

 
 

 

Tweet

Свет

  • Александар Стуб: Неверојатно е да се случи прекин на огнот во Украина пред пролетта следната година

  • За десет месеци албанската полиција уништила над 200 илјади стебла марихуана

  • Преглед на вестите од светот

Популарно од Свет

  • Најчитани
  • Најсподелувани
  • За десет месеци албанската полиција уништила над...

    15.11.2025
  • Продолжуваат ноќните меѓусебни напади помеѓу...

    15.11.2025
  • Преглед на вестите од светот

    15.11.2025
  • Александар Стуб: Неверојатно е да се случи прекин...

    16.11.2025
TV Sitel / ТВ Сител

Ново на Сител

  • Најнови вести
  • Најнови видеа
  • Тема на денот со Андреј Петров

  • Марш на ангелите во Скопје - Повик за правда пред стартот на судскиот процес

  • Марш на ангелите во Скопје - Повик за правда пред стартот на судскиот процес

  • СДСМ бара кривична одговорност за непотребните операции на срце

  • Инспекторите од понеделник на терен, ќе се казнува секој кој ќе фрли отпад по 22ч

  • 20 диви депонии низ Прилеп

  • Втор ден дебата за Буџетот

  • ВМРО-ДПМНЕ и Вреди тврдат дека коалицијата на Ахмети се распаѓа, ДУИ негира

  • Повеќе вести
  • Насловна
  • Македонија
  • Балкан
  • Свет
  • Бизнис
  • Спорт
  • Занимливости
© 2025 Сител Телевизија